• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 21 август 2022 (МИА) - Во текот на изминатата вечер (20/21.08.2022) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија. Санкционирани се 127 возачи од кои 27 се на територија на СВР  Штип, 21 на територија на СВР Битола...                            На 20.08.2022 во 11:30 часот било пријавено дека во с. Тимјаник-неготинско, И.Ѓ.(61) од Демир Капија, вработен во фирма од Неготино, при изведување на работни задачи, се здобил со повреди и починал. Со Итна медицинска помош од Неготино бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен е увид од екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.  Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 309 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 199 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 110 надвор од населено место.                                 Вчера во 15 часот било пријавено дека во непосредна близина на локалниот пат Ливада-Делогожда-струшко, во штала на Џ.Ш.(59) од с. Делогожда од удар на гром настанал пожар, при што шталата била целосно опожарена. Во внатрешноста на шталата имало 250 бали јонџа, јачмен, пченица, жито и една приколка со трактор. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.Вчера во 11:20 часот во ОВР Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улицата „8 септември“ во Дебар а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата. Притоа, биле опожарени патничките моторни возила „опел корса“ и „мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар, а увид на местото извршила полициски екипи.На 20/21.08.2022 од 23:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршена е акциска сообраќајна контрола при што се санкционирани се 12 возачи на моторни возила, кои управувале под дејство на алкохол  (Охрид-01, Струга-04, Кичево-07). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се платни налози.Во Полициското одделение Петровец, вчера во 23:50 часот З.К.(57) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Ѓ.К.(85). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Вчера во 12:15 часот, С.С.(74) од Куманово пријавил дека околу 01.00 часот во Куманово во дворот од неговиот дом бил физички нападнат со тврд предмет од негов малолетен сосед. Се работи на расчистување на случајот.Утринава во 06:05 часот, А.Џ.(35) од с. Моноспитово пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице кое, според пријавата, најверојатно бил еден од вработените. Се работи на расчистување на случајот.  Во 10.30 часот вчера Б.М.(65) од с. Стајковци-скопско пријавил дека во неговиот двор пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица и оштетување нема. Се работи на расчистување на случајот.  Вчера во 22:30 часот С.Ѓ.(50) од с. Камен Дол-Росоман пријавила дека околу 20:50 часот во с. Камен Дол по претходна расправија била физички нападната од Б.Ѓ.. Се работи на расчистување на случајот.На улицата.“Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници, од М.Ј.(18) од Охрид, одзеле едно возило „застава“ со охридски регистарски ознаки со пет кубни метри огревно буково дрво. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава во согласност со членот 235 од Кривичниот законик и членот 69 од Законот за шуми. хс/бак/

Остани поврзан