МВР Билтен (ДПЛ)
- Полициски службеници од Велешта, врз основа на наредба од Основен суд Струга вчера го привеле П.И.(28) од село Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година. Во 15:20 часот л
Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници од Велешта, врз основа на наредба од Основен суд Струга вчера го привеле П.И.(28) од село Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година. Во 15:20 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје. Во моментот на лишувањето тој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(67) од Скопје, за кое тој на 06.05.2002 пријавил дека му било одземено. Возилото било вратено на сопственикот. По преземени мерки биле пронајдени и предметите кои биле во возилото, а кои А.М. ги продал на повеќе лица. Предметите, исто така, биле вратени на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Полициски службеници од СВР Скопје вчера на улица „Иван Аговски“ ги лишиле од слобода М.К.(21), Е.К.(21) и Б.Џ.(26), сите од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела. По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2022 во 10:35 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода И.И.(45) од Скопје. Тој се сомничи дека на 03.05.2022 извршил разбојништво во аптека на булевар „Партизански Одреди“. Против него биле обезбедени докази и тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.05.2022 во 01:00 часот на улица „Сандо Масев“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле Д.И.(26) од Струмица затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2022 околу 19:30 часот автопатот Велес-Скопје, пред наплатна станица Отовица, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода И.Т.(37) и З.С.(25), двајцата од Битола. При преглед во возилото „Ауди А6“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал И.Т., кај З.С. била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.05.2022 во 03:20 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(24) од село Костурник затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2022 во 18:45 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденикот Д.Е.(42) од Свети Николе биле пронајдени повеќе различни видови таблети. Од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип таблетите биле одземени за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.05.2022 во 19:45 часот на улица „Кланица“ во Битола, полициски службеници до СВР Битола го лишиле од слобода Ј.У.(31) од Дојран затоа што кај него бил пронајден пиштол непозната марка и една празна рамка и затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2022 во 10:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.П.(34) од Битола затоа што со остар предмет се заканувал на неговата мајка и неговиот брат. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2022 во 13:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.Н.(63) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.05.2022 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.Ѓ.(60) од Прилеп затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.05.2022 во 03:30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Ш.А.(29) од Кичево затоа што се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2022 во 23:10 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско село затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се обидел и да го удри со мотоциклот кој го управувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2022 во 17:05 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(52) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.05.2022 околу 03:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.А.(25) и П.Н.(33), двајцата од Куманово, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На двајцата им биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 07.05.2022 околу 21:15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р1403 од крстосница за село Воиславци кон Радовиш, патничко возило „Ауди 80“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(27) од село Воиславци, излетало од патот. Во незгодата Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ„Здравствен дом“ Радовиш. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Радовиш.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Т.П.(42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 31.10.2021, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле преглед во возилото кое го управувал пријавениот и претрес во неговиот дом, при што на двете места бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Џ.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 07.01.2022, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле преглед во патничко возило „Фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 07.05.2022 околу 07:30 часот во СВР Битола било пријавено дека Љ.Б.(61) од Битола се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи на објект во изградба на улица „Хераклеа“ во Битола. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а за настанот бил запознаен трудов инспектор.
На 07.05.2022 во 08:30 часот во СВР Штип, Д.К.(75) од село Чифлик, штипско, пријавила дека во дворот од нејзината куќа била физички нападната од нејзината соседка Ј.А.(43). Се работи на расчистување на случајот.
На 08.05.2022 во 00:50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека пред угостителски објект во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Х.Ш.(19) над Д.Ѓ.(19), двајцата од Кичево. Се работи на расчистување на случајот.
На 08.05.2022 во 02:20 часот во Полициската станица Кичево, М.Н.(18) и малолетник од Кичево пријавиле дека на улица „Маршал Тито“ во Кичево биле физички нападнати од пет лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2022 во 14:10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 13:00 часот во населба Циглана 1 бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата А.Н., Л.Т., Ф.Т. и С.Т., сите од Гостивар. Според пријавеното, при пресметката тие оштетиле и едно возило сопственост на друго лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.05.2022 во 21:50 часот во СВР Тетово, Б.А.(39) од Тетово пријавил дека околу 20:00 часот во близина на градските гробишта бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.05.2022 во 15:45 часот во СВР Скопје, А.У.(38) од село Инџиково, скопско, пријавил дека околу 15.05 часот во село Инџиково бил физички нападнат од Ф.И. и М.И. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.05.2022 во 21:00 час во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека во 19:00 часот на улица „Босна и Херцеговина“ бил физички нападнат од Н.Х.и И.Р. од Скопје, при што Н.Х. се обидел да го повреди со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.05.2022 во 21:35 часот во Полициската станица Битола, Г.П.(47) од Битола пријавил дека на улица „Димче Лахчански“ неговата малолетна ќерка била касната од бездомно куче.
На 07.05.2022 во 22:40 часот во Полициската станица Прилеп, П.С.(60) од Прилеп пријавил дека на улица „5-та Прилепска“ бил каснат од бездомно куче.
На 07.05.2022 во 16:00 часот во Полициската станица Аеродром, С.М.(52) од Скопје пријавила дека на улица „Бојмија“ Скопје била касната од бездомно куче. ки/