• четврток, 26 март 2026

Мбапе ќе ја напушти репрезентацијата на Франција по победата над Азербејџан поради повреда

Мбапе ќе ја напушти репрезентацијата на Франција по победата над Азербејџан поради повреда

Париз, 11 октомври 2025 (МИА) - Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е принуден да се повлече од репрезентацијата, објавува „Marca“.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач ќе се опоравува во својот клуб. Мбапе беше заменет во 83-тата минута во победата од 3:0 над Азербејџан во квалификациите за Светското првенство 2026 година. 

Французинот претходно се справуваше со проблеми со глуждот.

Франција ќе игра против Исланд на гостински терен во квалификациите на 13 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан