• петок, 05 декември 2025

Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање

Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање

Париз, 26 јули 2025 (МИА) - Килијан Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање, според соопштението од обвинителството во Париз, цитирано од весникот „Екип“.

Мбапе поднел жалба против клубот на 16 мај за психолошка траума и обид да го принудат да потпише договор во летото 2023 година, како и за неговата изолација од тимот.

Покрај судскиот случај, Килијан Мбапе продолжува да има финансиски спорови со ПСЖ, откако клубот не му ја исплати последната сума според договорот, по што стана јасно дека францускиот репрезентативец ќе се пресели во Реал Мадрид. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан