• понеделник, 23 декември 2024

Мајонезот им го спасува животи на јато желки во Израел

Мајонезот им го спасува животи на јато желки во Израел
Ерусалим, 1 март 2021 (МИА) - Јато желки се спасени откако биле полиени со нафта на израелскиот брег. Имено, тие се лекуваат со мајонез... Надлежните од Националниот центар за спасување морски желки велат дека мајонезот им помага на животите во чистењето на системот за варење. Истекувањето нафта во оваа област е една од најкобните забележани еколошки катастрофи во Израел. Официјалните лица ја испитуваат причината за излевањето нафта, за којашто се смета дека е предизвикана од бродовите на отворено море. https://twitter.com/i/status/1364507790841180160 Илјадници доброволци и војници помагаат да се отстрани лепливата материја што му штети на дивиот свет. Јанив Леви, основач и директор на Националниот центар, за израелскиот весник „Харец“ изјави дека успеале да повратат 27 желки. - Сите имаа катран на главата, очите, во носот, устата, системот за варење и стомакот. Без терапија, тие ќе имаат малку шанси да преживеат... Им го отстранивме катранот од носот и очите за да можат да дишат и да гледаат, рече Леви. Стручњаците потоа им дале мајонез за загрозените животни да си го исчистат дигестивниот систем од катранот, според Гај Ивги, медицински асистент во Болницата за желки на Флорида. Закрепнувањето се очекува да трае околу една недела или две, а потоа животните ќе бидат вратени во водата. Иако ова звучи како невообичаен метод на лекување, терапијата со мајонез не се користи првпат при закрепнување на желките. - Мајонезот е безбеден и ефикасен начин за прочистување на желките од нафтата, вели Ивги.  си/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан