• сабота, 20 јули 2024

Мајли Сајрус: Трезна сум веќе шест месеци

Мајли Сајрус: Трезна сум веќе шест месеци
Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (МИА) - Пејачката и глумица Мајли Сајрус, која, пред само неколку години се фалеше дека „секогаш е ’надувана‘,“ сега тврди дека веќе шест месеци е без алкохол и дрога. Таа кон крајот на минатата година беше подложена на операција на гласните жици. Тогаш таа ги оставила пороците настрана, но и решила така да остане... - На почетокот, стануваше збор само за таа операција... Но, тогаш се осврнав на себе и на семејната историја околу трезвеноста. Јас почнав темелно да го истраувам тоа и открив дека овде има многу предизвици околу зависноста и психичкото здравје, вели таа во интервју  за „Варајети“. Така, Сајрус одлучила да остане трезна. - Со разбирање на минатото, јасно ја разбираме и сегашноста и иднината. Мислам дека тоа е одлична терапија, додава таа.  си/

Остани поврзан