• сабота, 23 ноември 2024

Мајкл Китон повторно во улога на Бетмен

Мајкл Китон повторно во улога на Бетмен
Лос Анџелес, 21 август 2020 (МИА) - Бен Афлек и Мајкл Китон - и двајцата ќе ја повторат својата улога на Бетмен во наредниот филм за суперхеројот Флеш. Во овој филм Афлек и Китон ќе имаат споредна улога. Бен Афлек во меѓувреме, ќе го глуми Бетмен и во следното продолжение на „Лига на праведните“ (Justice League), најавен за следната 2021 година. Китон го глумеше „црниот витез“ во два филма во раните 1990-ти. Во новиот филм „Флеш“, главната, насловна улога ќе ја толкува Езра Милер. Филмот е во претпродукција. Премиерата е закажана за јуни 2022 година. си/сд/

Остани поврзан