• понеделник, 25 ноември 2024

Мачно прашање на светските лидери: - Кога да му се честита на победникот на американските претседателски избори?

Мачно прашање на светските лидери: - Кога да му се честита на победникот на американските претседателски избори?
Вашингтон, 3 ноември 2020 (МИА) - Додека Американците одат на гласање, премиерите и претседателите ширум светот се соочуваат со чувствително прашање: во кој момент да му честитаат на евентуалниот победник, особено со оглед на можноста за оспорување на изборните резултати. Постои можност гласовите на гласачите да одат во една насока, а Изборниот колегиум што всушност го избира победникот -  во другиот правец. Претседателот Доналд Трамп исто така постојано предупредуваше дека гласањето по пошта е предмет на измама, сугерирајќи дека тој може да не ги прифати изборните резултати и рече дека Врховниот суд може да донесе одлука за нов претседател на САД. - Сакате да бидете брзи и јасни во испраќањето честитки, особено до толку важен сојузник, нагласува странски советник на европски лидер. - Но, ризично е овојпат. Вие не сакате да направите грешка или да реагирате премногу брзо. Можеби ќе почекаме малку по денот на изборите. Советниците за надворешна политика потсетуваат на изборите во САД во 2000 година кога мноштво лидери, вклучително и претседателите на Германија и Франција, премиерот на Нов Зеланд и владејачката партија во Јужна Африка, Јужна Кореја и Јапонија му честитаа на Џорџ. Буш откако американските телевизиски мрежи го прогласија за победник. Дури пет недели подоцна Врховниот суд донесе одлука во негова корист, така што Буш го победи Ал Гор. Во меѓувреме, некои водачи ги повлекоа своите честитки, а некои само молчеа. зш/

Остани поврзан