Маче и куче од ист дом, редовно даруваат крв
- Менди Панел и нејзиниот партнер Томас Милс го делат својот дом со мачорот Весли и кучето Спок... А, нивните миленичиња веќе редовно даруваат крв и со тоа спасуваат други миленичиња.

Лос Анџелес, 1 октомври 2021 (МИА) - Британката Менди Панел и нејзиниот партнер Томас Милс го делат својот дом со мачорот Весли и кучето Спок... А, нивните миленичиња веќе сега редовно даруваат крв и со тоа спасуваат други миленичиња.
- Весли е многу добро маче кога станува збор за дарувањето крв. Преде цело време... Па, ќе погледне накај кучето и го бара кога е исплашено. Се грижи и за нашата помала мачка, вели Менди.
Иако постои одредено соперништво меѓу нив, Весли и Спок сепак се многу блиски.
Мачката досега десетпати дарувала крв, а кучето - пет пати. Пред процедурата, секогаш се прави преглед за тоа дали животните можат да даруваат крв, а сѐ зависи и од нивниот темперамент. Инаку, кучињата закрепнуваат побрзо од мачките по дарување крв. си/сд/