Мачадо пристигна во Осло
- Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо вчера пристигна во Осло, неколку часа откако нејзината ќерка ја прими Нобеловата награда за мир во нејзино име
Осло, 11 декември 2025 (МИА) – Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо вчера пристигна во Осло, неколку часа откако нејзината ќерка ја прими Нобеловата награда за мир во нејзино име.
Мачадо тајно ја напуштила Венецуела, но не успеа да стигне на време на доделувањето на наградата. Таа пред два дена со брод тргна од Венецуела до карипскиот остров Курасао, а потоа со приватен авион отпатува за Норвешка.
Таа е под долгогодишна забрана за патување, наметната од венецуелските власти и се крие повеќе од една година.
Мачадо ја доби Нобеловата награда во октомври за, како што беше наведено, нејзината неуморна работа на промовирање на демократските права на народот на Венецуела и борбата за постигнување мирна и праведна транзиција од диктатура кон демократија. ми/мс/
фото: ЕПА