• недела, 24 ноември 2024

Махучих го посвети олимпиското злато на Украина: Сакаме мир

Махучих го посвети олимпиското злато на Украина: Сакаме мир


Париз, 5 август 2024 (МИА) – Украинската атлетичарка Јарослава Махучих своето олимписко злато во скок во височина им го посвети на спортистите кои ги загубија животите за време на руската инвазија на нејзината земја која почна во февруари 2022 година, јави денеска агенцијата ДПА. 
Украина размислуваше за бојкот на Олимписките игри во Париз, откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им дозволи на руските спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме. Сепак, во Франција прстигнаа само 15 Руси, кои успеаја да докажат дека немаат никакви врски со армијата или со безбедносните служби.
„Овој медал е многу важен, за жал Русија во мојата земја убива луѓе и стотици спортисти загинаа во оваа војна и тие никогаш нема да можат да се натпреваруваат и да слават, така што јас сум среќна што го носам златото дома и тоа е за нив“, рече Махичих.
„Ова ни дава можност да разговараме за ситуацијата во Украина. Навистина сакаме мир. Сè уште ни е тешко, но се бориме на сите фронтови. Даваме се од себе“, додаде украинската атлетичарка. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан