• петок, 27 февруари 2026

„Матица македонска“ ќе ги награди читателите што во своите домашни библиотеки ќе најдат нејзини стари изданија

„Матица македонска“ ќе ги награди читателите што во своите домашни библиотеки ќе најдат нејзини стари изданија

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Издавачката куќа „Матица македонска“ ги повика читателите да побараат нејзини стари изданија во своите домашни библиотеки за што ќе додели награди во рамки на чествувањето на 35-годишнината од постоењето.

- На нашите страници на социјалните мрежи ги повикуваме читателите да ја најдат најстарата книга што ја купиле во издание на „Матица“, да ја фотографираат и да ја и споделат со нас својата приказна поврзана со книгата од првата издавачка куќа во самостојна Македонија. Дали е тоа книга со која пораснавте, книга што ви ја подарил некој сакан или првиот роман што ве натерал да се вљубите во читањето? - соопшти издавачката куќа. 

 „Матица“ најави изненадувања и специјални награди за читателот што ќе сподели најстаро издание и за оној што ќе има најемотивна приказна поврзана со книгата.

Акцијата трае до 27 февруари и е дел од традиционалниот зимски саем „Книга во секој дом“, кој трае до крајот на февруари со јубилеен попуст до 80 проценти. хс/са/

Фото: „Матица македонска“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан