• понеделник, 25 ноември 2024

Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија

Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија
Рим, 6 март 2022 (МИА) - Поранешниот премиер на Италија Матео Ренци и лидер на партијата Италија Вива предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Ренци за весникот „Република“ изјави дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“. Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка, рече Ренци. ссм/

Остани поврзан