• четврток, 26 март 2026

Матарела: Употребата на нуклеарно оружје е злосторство против човештвото

Матарела: Употребата на нуклеарно оружје е злосторство против човештвото

Рим, 6 август 2025 (МИА) - Претседателот на Италија, Серџо Матарела упати денеска порака по повод 80-годишнината од нуклеарното бомбардирање на Хирошима, во која оцени дека нападите врз Хирошима и Нагасаки претставуваат „апокалиптичен случај“.

„Тие трагични случувања и повеќекратните страдања кои преживеаните ги поднесуваа со години по експлозиите остануваат опомена за човештвото кои не смее да се заборават“, рече Матарела, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Тој предупреди дека во современиот свет, кој е обележан со војни, растечки тензии и конфликти, мора цврсто да се нагласи дека употребата, па дури и конретната закана од употреба, на нуклеарно оружје би претставувала злосторство против човештвото. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан