• понеделник, 23 декември 2024

Мас односите со САД се подобрени, но се уште постојат несогласувања

Мас односите со САД се подобрени, но се уште постојат несогласувања
Париз, 12 ноември 2020 (МИА) - Односите на Германија со САД се подобрени по изборот на Џо Бајден за претседател на САД, но и понатму има доволно несогласувања со европските партнери, што сугерира дека нема се да биде поинаку, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Тој обрајќаќи се на Парискиот мировен форум наведе дека се надева оти Вашингтон ќе го преземе водството во контролата на вооружувањето и ќе изврши притисок врз Русија и Кина, за разлика од актуелната администрација. И шефот на француската дипломатија Жан Ив ле Дријан истакна дека се подобрува соработката во поглед на контролирање на пандемијата со Ковид-19 и борбата протв климатските промени. Ле Дријан се согласи со Мас дека постојат други сложени прашања, што би требало брзо да се решат. ми/

Остани поврзан