• понеделник, 23 декември 2024

Масути: ДЗС е важна алатка во системот, 18 години посветени во справување со природни непогоди и други несреќи

Масути: ДЗС е важна алатка во системот, 18 години посветени во справување со природни непогоди и други несреќи

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е важна алка во целокупниот систем на државата. Осумнаесет години континуирано вложуваме и делуваме кон подигнување на свеста, но и на важноста за подготвеноста за справување со различните природни несреќи како и несреќи кои можат да бидат иницирани од човечкиот фактор. Успешно се активиравме при различни дојави каде спасивме човечки животи, а помогнавме и при спасување и извлекување на лица кои за жал беа затрупени по урнатините од земјотресите во Турција, рече директорот на ДЗС Беким Масути во денешното обраќање во Скопје, на церемонијата по повод годишнината од основањето на оваа институција.

Масути потсети дека во текот на годината активно земале учество во справувањето со последиците на настаните од свинската чума во регионот на Кочани и Кочанско, а континуирано учествуваа и во справување со шумските пожари во летниот период.

-Со одбележување на денот на ДЗС, ние се потсетуваме на одговорноста која ја имаме пред граѓаните, но треба да бидеме свесни и за својата улога и придонесот во општество, бидејќи само на таков начин ние ќе изградиме подобра иднина за следните генерации. Благодарност до сите институции со кои заедно соработувавме во справувањето со пожарите, до Армијата, Одбрана, МВР, тимовите на Дирекцијата, пожарникарите, претставници од Центарот за управување со кризи, доброволните друштва кои се клучен инструмент на ДЗС, рече Масути.

Тој напомена дека активно беа ангажирани и во заштитата и справувањето со поплавите кои го зафатија Скопскиот регион. Се активираа и во заштитатата и спасувањето за време на различни настани на повик, во пронаоѓање на исчезнати лица во планински услови, каде спасиле човечки живот.

Директорот на ДЗС Беким Масути ФОТО/МИА

-Значаен момент кој би сакал да го потенцирам е моментот на ангажирање на Републичките сили при заштита и спасување во пребарување и спасување за време на последиците од земјотресот во Република Турција, каде што ДЗС со своите 70 припадници од тимовите од различни градови беа ангажирани во градот Адијаман, додаде директорот на ДЗС.

И во поглед на билатералната соработка, тој потсети дека соработуваат, организираат и реализираат вежби со Република Грција, при што ја најави вежбата која на 16 мај ќе се одржи во Скопје по повод одбележување на 60-годишнината од земјотресот, а со Република Бугарија во текот на месец јуни ќе се одржи концертвежба за справување со шумските пожари. Ќе продолжат и со организирање на различни вежби и ангажмани за различни проекти со Албанија, Косово но и другите земји од регионот.

-ДЗС континуирано презема превентивни мерки преку бројни кампањи за намалување на заканите од поплави, пожари но и земјотреси. Во поглед на меѓународната соработка, континуирано учествуваме во проекти со кои се развива и се импплементира безбеден прекуграничен транспорт, се интегрира рамката за управување со природни опасности, управување со шумски пожари во прекуграничната област, управување со ризици од поплави и пожари. За се ова зборуваат многубројните активни проекти, додаде Максути.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на своето обрање на денешната церемонија рече дека ДЗС е составен дел од системот кој мора континуирано да се развива, модернизира и опремува. Систем во кој треба подеднакво да вложуваме и во материјални средства и опрема, но и во човечките ресурси.

Одбележување на годишнина на ДЗС ФОТО/МИА

-Постоење на ефикасен и економичен систем на цивилна заштита е императив за сите нас, кои сме дел од поширокиот безбедносен систем на Северна Македонија и несомнено ДЗС е дел од тој систем, затоа што вие ги градите оперативните капацитети за справување со заканите и опасностите кои произлегуваат од природните непогоди но и други видови несреќи. Знам дека ова се приоритети и на раководството на ДЗС исто како што подеднакво знам дека вработените во Дирекцијата се вистински професионалци со долгогодишно искуство кои се подготвени и го пренесуваат своето искуство и на новите генерации, кои во иднина треба да ја носат одговорноста за фунционалноста на оваа исклучително значајна институција и уште поважно, да ја гарантираат заштитата на граѓаните, рече Петровска.

Според министерката, професионалноста на ДЗС беше видена кога заедно со армиските и полициските припадници се бореа со огнените стихии кои ја зафатија нашата земја во 2021 година.

-Но, се борите и со пожарите речиси секоја година во летниот период, со големите поплави, со ковид пандемијата, а својата одлучност и посветеност ја покажавте и неодамна во Република Турција, кога несебично помагавте во спасување и извлекување на колку што е можно повеќе лица кои за жал беа затрупени по урнатините од резорните земјотреси кои ја зафатија Турција. Токму заради фактот што се стремиме да воспоставиме целосно ефикасен и економичен систем за заштита и спасување со кој всушност ќе ја максимизираме заштитата на граѓаните, пркеу мултисекторскиот поткомитет, го финализираме и предлогот за реформа на системот на цивилна заштита, додаде Петровска.

За време на церемонија, директорот Максути им ги врачи плакетите и благодарниците на Републичките сили на Северна Македонија, кои беа ангажирани во пребарување и спасување од последиците по земјотресот во Република Турција во градот Адијаман.бт/са/

Остани поврзан