• петок, 22 ноември 2024

Масовни протести во Чиле, приведени речиси 600 луѓе

Масовни протести во Чиле, приведени речиси 600 луѓе
Вашингтон, 19 октомври 2020 (МИА) На протестните акции во Чиле се задржани 580 луѓе, соопшти денеска заменик министерот за внатрешни работи, Хуан Франсиско Гали. Во Сантијаго и други градови во земјата, синоќа се одржаа митинзи по повод годишнината од почетокот на масовните протести низ целата земја. Акциите завршија со многу безредија и судири со полицијата. -Низ целата земја приведени се 580 лица, а еден човек почина за време на ноќна полициска операција во Сантијаго, кажа на брифинг за новинарите заменик министерот за внатрешни на Чиле. Според него, починатиот бил застрелан за време на нередите. Во протестите синоќа настрадале 116 полицајци, 18 од нив се здобиле со огнострелни рани. Непознат е бројот на настрадните демонстранти. Исто така, за време на синоќашните протести во Сантијаго, непознати лица подметнале пожар во две цркви од 19 век, при што на едната од нив се урнала куполата. Според властите, протестирале 25 илјади луѓе, но сликите од јужноамериканските медиуми покажуваат многу помасовни митинзи низ целата земја. Барањата на демонстрантите не се променети – обезбедување социјална еднаквост и укинување на Уставот усвоен уште од времето на воената диктатура и нејзиниот лидер Пиноче. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан