• недела, 22 декември 2024

Масовна вакцинација во Италија пред стартот на новата сезона

Масовна вакцинација во Италија пред стартот на новата сезона
  Рим, 21 јули 2021 (МИА) – Новата сезона во италијанскиот клупски фудбал стартува на 21 август, а дотогаш сите фудбалери, кои ќе настапуваат во Серија А и Серија Б треба задолжително да бидат вакцинирани против коронавирус, соопшти Фудбалската федерација на Италија. Вакцинација на своите фудбалери пред стартот на новата сезона почнаа Рома, Сампдорија и Фиорентина, додека останатите клубови чекаат одлука на Федерацијата. Коронавирус во моментов најголеми проблеми и создава на екипата на Специја, во која заразени се десет фудбалери. Прволигашот минатата недела ги прекина подготовките и дозволени се само индивидуални тренинзи. ег/

Остани поврзан