Маск: „Големиот и убав“ предлог за буџет на Трамп го зголемува дефицитот и ја поткопува работата на ДОГЕ
- Предлогот на претседателот Доналд Трамп за значајни даночни олеснувања и кратења ќе го зголеми буџетскиот дефицит и ќе ја поткопа работата на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), изјави синоќа за „Си-би-ес њуз“ милијардерот Илон Маск
Вашингтон, 28 мај 2025 (МИА) - Предлогот на претседателот Доналд Трамп за значајни даночни олеснувања и кратења ќе го зголеми буџетскиот дефицит и ќе ја поткопа работата на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), изјави синоќа за „Си-би-ес њуз“ милијардерот Илон Маск.
- Се разочарав кога го видов огромниот предлог за буџет, што наместо да го намали го зголемува дефицитот и ја поткопува работата на тимот на ДОГЕ. Мислам дека еден закон може да биде голем или убав, но не знам дали може да биде и тоа и тоа. изјави Маск.
Предлогот предвидува трилиони долари даночни олеснувања и зголемени воени трошоци, со што кон дефицитот се додаваат 3,8 трилиони долари, според оценка на Одделот за буџет на Конгресот. Претставничкиот дом го одобри предлогот минатата недела и сега е на ред за разгледување во Сенатот.
Маск исто така наведе дека ќе се повлече од директен ангажман во Владата и отсега ќе посветува повеќе внимание на своите компании, „СпејсИкс“ и „Тесла“, кои настрадаат поради неговата блискост со администрацијата на Трамп.
Тој најави дека во иднина ќе троши „многу помалку“ пари за политика, но е нејасно дали тоа значи промена на заложбата да инвестира 100 милиони долари во политички групи под контрола на претседателот. За поддршка на Трамп и некои републикански кандидати тој досега има потрошенао над 290 милиони долари. кб/ми/