• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Маскерано: Повредата на Меси можеби не е премногу сериозна

Маскерано: Повредата на Меси можеби не е премногу сериозна

Мајами, 3 август 2025 (МИА) – Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, зборуваше за повредата на напаѓачот Лионел Меси по победата во натпреварот од групната фаза на Лига купот над Некакса.

Американскиот тим победи на пенали со 5:4, по нерешените 2:2 во регуларниот дел.

- Меси почувствува непријатност во пределот на тетивата. До утре ќе знаеме колку е тешка повредата. Но, можеби не е премногу сериозна, бидејќи не чувствуваше многу болка, само непријатност, изјави Маскерано на прес-конференцијата по натпреварот.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во 11. Минута. На негово место на теренот влезе Федерико Солари.

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Напаѓачот одигра 69 натпревари за тимот од Флорида, постигнувајќи 58 гола и 28 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан