• недела, 19 мај 2024

Маскар на забава: Најмалку 11 убиени и 12 повредени во вооружен напад во Мексико 

Маскар на забава: Најмалку 11 убиени и 12 повредени во вооружен напад во Мексико 

Мексико Сити, 18 декември 2023 (МИА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се повредени во престрелка во Мексико, соопштија властите.

Престрелката се случила вчератро на забава на една поранешна хациенда во градот Салватиери, наведуваат медиумите.

Напаѓачите, наводно, влегле во забавата и отвориле оган врз присутните.

Според медиумите, на забавата присуствувале само млади луѓе.

Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се префрлени во различни болници во општината, не наведувајќи повеќе детали за нивната здравствена состојба. сд/

фото:Скриншот Х

Остани поврзан