• петок, 05 декември 2025

Маса: Верстапен е апсолутно најдобар возач во моментов

Маса: Верстапен е апсолутно најдобар возач во моментов

Лондон, 23 мај 2025 (МИА) - Поранешниот Формула 1 возач Фелипе Маса го именува Макс Верстапен за најдобар возач во шампионатот во моментов.

- Мислам дека Мекларен ќе го освои шампионатот за конструктори затоа што имаат подобар болид од Ред Бул. Го гледаме Верстапен како работи работа што мислам дека малку возачи можат да го направат тоа. Фактот дека тој извлекува максимум од болид кој не е најдобар е едноставно неверојатен. Но, сега е дури и тешко да се каже какво место има Ред Бул во на силата, бидејќи ако го погледнете тимскиот колега на Верстапен (Јуки Цунода), ќе видите дека неговото темпо е многу полошо од Мекларен, Ферари, Мерцедес и самиот Макс. Така што, за мене, Верстапен е апсолутно најдобриот возач во моментов и тој сигурно може да стане најдобар во историјата, изјави Маса за „GPblog“.

По седум етапи, 27-годишниот Холанѓанец е на 3. место во индивидуалниот поредок со 124 бодови.

Во поредокот за конструктори Мекларен е убедлив лидер со 279 бода, пред Мерцедес со 147, Ред Бул е трет со 131 бод. зс/
Фото: ЕПА

Остани поврзан