• недела, 22 декември 2024

Мартинез нов португалски селектор 

Мартинез нов португалски селектор 

Лисабон, 9 јануари 2023 (МИА) – Поранешниот белгиски селектор Роберто Мартинез седна на  клупата на Португалија, објави денеска португалското фудбалско раководство. 

„Го ценам ентузијазмот и амбицијата со кои Мартинез го прифати повикот“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ), Фернандо Гомеш, на прес – конференција во Лисабон, во присуство на новиот селектор. 

„Тоа е важен момент за репрезентацијата“, додаде Гомеш. 

Мартинез се повлече од местото белгиски селектор, откако Белгија го заврши настапот на Светското првенство во Катар во групната фаза, истакнувајќи дека одлуката ја донел од порано и ќе се повлечел и во случај да ја освоил светската титула. 

Мартинез на клупата на Португалија доаѓа на местото на Фернандо Сантос, кој, исто така, се повлече од должноста, откако Португалија испадна во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. ег/јт/ 

Остани поврзан