• среда, 15 мај 2024

Мартинез на чекор до „Манчестер Јунајтед“

Мартинез на чекор до „Манчестер Јунајтед“
Манчестер, 16 јули 2022 (МИА) - Третото засилување на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез пристигна во Обединетото Кралство за да го финализира медицинскиот преглед пред преселбата на „Олд Трафорд“, пренесува „Дејли пост“. Според „Телеграф“, Аргентинецот треба да потпише петгодишен договор вреден 120.000 фунти неделно, откако „Ајакс“ се согласи да го продаде дефанзивецот на Манчестер Јунајтед за сума од 46 милиони фунти во четвртокот. Мартинез е третото засилување на Манчестер Јунајтед, откако на клубот се приклучија Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен. Изминатата сезона, Мартинез одигра 36 натпревари за „Ајакс“, помагајќи му на тимот да стане шампион. За клубот од Амстердам тој има одиграно вкупно 118 натпревари од 2019 година. ар/бак/

Остани поврзан