Мартинез-Ача: Суверенитетот над Панамскиот канал не е предмет на преговори
- Панамскиот министер за надворешни работи истакна дека примарна мисија на каналот е да и служи на глобалната трговија, исто така, додавајќи дека владата на претседателот Хозе Раул Мулин немала формални или неформални контакти со Трамп или со други претставници на претстојната американска администрација.
Панама Сити, 8 јануари 2025 ( МИА) –Шефот на панамската дипломатија, Хавиер Мартинез-Ача, остро одговори на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за контролата врз Панамскиот канал, нагласувајќи дека „суверенитет над каналот не е прашање на преговори“.
Нагласувајќи ја важноста на каналот во историјата на Панама тој тоа го нарече „неповратно освојување“ и нагласи дека Панамскиот канал е исклучиво под контрола на Панама.
-Така и ќе остане, рече тој, објави „Њујорк Тајмс“.
Панамскиот министер за надворешни работи истакна дека примарна мисија на каналот е да и служи на глобалната трговија, исто така, додавајќи дека владата на претседателот Хозе Раул Мулин немала формални или неформални контакти со Трамп или со други претставници на претстојната американска администрација.
Мартинез-Ача истакна дека комуникациите меѓу САД и Панама ќе се спроведуваат преку стандардни официјални канали откако Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.
Тој повтори дека Панама останува отворена за дијалог, инвестиции и позитивни односи, но дека националните интереси на земјата секогаш се на прво место.сд/
фото:МИА архива