• четврток, 15 мај 2025

Марта Кос во посета на Белград

Марта Кос во посета на Белград

Белград, 29 април 2025 (МИА) - Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска доаѓа во Белград, каде што вечерва прво ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Марта Кос треба да се сретне со претставниците на парламентарната опозиција, а потоа и со претставниците на владата.

Таа неодамна изјави дека „внимателно ја следи ситуацијата во Србија, вклучително и блокадата на Радио и телевизија на Србија“ и ги повика сите да се воздржат од продлабочување на тензиите, и изрази загриженост дека е поднесена кривична пријава против ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ. зш/

Остани поврзан