• петок, 05 јули 2024

Марсијал со „хет трик“, Јунајтед победи со 3:0

Марсијал со „хет трик“, Јунајтед победи со 3:0
Манчестер, 24 јуни 2020 (МИА) - Ентони Марсијал постигна „хет-трик“, а Манчестер Јунајтед го совлада Шефилд Јунајтед со 3:0 во натпревар од 31. коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ веќе на 13 последователни натпревари немаат пораз, и продолжуваат да бркаат место во Топ 4 и веќе имаат 49 бода. За гостинскиот тим, ова е втор последователен тежок пораз и трет последователен натпревар по обновувањето на првенството, во кој не успеаја да постигнат гол. Тие остануваат со 44 поени во горната половина од табелата. Резултати од Премиер лига: Јунајтед - Шефилд 3:0 Њукасл - Астон Вила 1:1 Норвич - Евертон 0:1 Вулверхемптон - Борнемут 1:0

Тагови

Остани поврзан