Марсеј ќе го позајми Веа од Јувентус со обврска за откуп на крајот од сезоната
- Марсеј се согласи да го позајми напаѓачот на Јувентус, Тимоти Веа.
Торино, 3 август 2025 (МИА) - Марсеј се согласи да го позајми напаѓачот на Јувентус, Тимоти Веа.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека францускиот клуб ќе му плати на клубот од Торино еден милион евра за позајмицата и ќе биде обврзан да го откупи играчот за 14 милиони евра на крајот од сезоната 2025/26.
Договорот вклучува и потенцијални бонус исплати од три милиони евра.
Веа се приклучи на Јувентус од Лил во јули 2023 година. Во сезоната 2024/25, напаѓачот постигна шест гола и имаше пет асистенции во 43 натпревари за клубот од Торино во сите натпреварувања.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на 25-годишниот Американец на 17 милиони евра.
Тимоти Веа е син на поранешниот напаѓач на либериската репрезентација и единствениот африкански фудбалер во историјата што ја освоил „Златната топка“, Жорж Веа. Веа постариот играше за Марсеј од 2000 до 2001 година. зс/
Фото: ЕПА