Марсело испратен во фудбалска пензија, овации за него на „Сантијаго Бернабеу“
- Реал Мадрид го покани поранешниот дефанзивец Марсело да присуствува на свечена церемонија пред дербито со Атлетико Мадрид синоќа во 23. коло од Ла Лига.
![Марсело испратен во фудбалска пензија, овации за него на „Сантијаго Бернабеу“](https://mia.mk/images/20250209140705_big_730x400_91.webp )
Мадрид, 9 февруари 2025 (МИА) - Реал Мадрид го покани поранешниот дефанзивец Марсело да присуствува на свечена церемонија пред дербито со Атлетико Мадрид синоќа во 23. коло од Ла Лига.
Пред натпреварот „кралевите“ одржаа проштална церемонија за Бразилецот кој беше поздравен од навивачите на Реал. На 6 февруари Марсело објави дека се пензионира на 36 години.
Марсело играше за мадридскиот клуб од 2007 до 2022 година, одигра 546 натпревари (38 гола и 103 асистенции).
Бразилецот шест пати стана шампион на Шпанија, а пет пати ја освои Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА