• петок, 22 ноември 2024

Марота за Лаутаро: Ќе видиме што ќе направи Барселона

Марота за Лаутаро: Ќе видиме што ќе направи Барселона
Милано, 9 јуни 2020 (МИА) - Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот не сака да ја продаде својата голема sвезда Лаутаро Мартинез, но сака да купи играчи за да го направи составот уште посилен. Сепак, шефот на „нероазурите“ признава дека нема да има што да направи ако Барселона сепак одлучи да ја плати клаузулата за ослободување во договорот на Аргентинецот, кој истекува на 7 јули. - Ние сакаме да ја зајакнеме структурата на тимот, од која Лаутаро Мартинез е важен елемент. Тој е многу талентиран, амбициозен и веќе станува вистински шампион. Ова е благодарение на работата на Конте, клубот и самиот тој. Тој докажа дека има одлични фудбалски и професионални квалитети. Тој сè уште не го достигнал својот врв и може да не развие уште повеќе со нас. Интер не сака да продава туку да купува, како и големите клубови. Ние сакаме да ја следиме оваа политика. Во неговиот договор постои клаузула која ќе истече на 7. јули, вели Марота. Клаузулата за ослободување во договорот на Мартинез е 110 милиони евра.

Тагови

Остани поврзан