Мароко и САД последни четвртфиналисти на СП за фудбалери до 20 години
- Репрезентациите на Мароко и на САД како последни успеаја да се пласираат на Светското првенство за фудбалери до 20 години што се игра во Чиле
Сантијаго, 10.октомври 2025 (МИА) – Репрезентациите на Мароко и на САД како последни успеаја да се пласираат на Светското првенство за фудбалери до 20 години. Во последните два осминафинални дуела Мароко ја совлада Јужна Кореја со 2:1, додека САД славеше убедлива победа над Италија од 3:0
Според „костурот“ двојките во четвртфиналето се: Шпанија – Колумбија, Мексико – Аргентина, САД – Мароко и Норвешка – Франција.
Полуфиналните дуели се играат на 15.октомври, додека финалето на програмата е на 20.октомври во 01 часот по полноќ по македонско време. мн/
Фото: ЕПА