• четврток, 26 март 2026

Мароко и Аргентина финалисти на Светското младинско фудбалско првенство

Мароко и Аргентина финалисти на Светското младинско фудбалско првенство

Сантијаго, 16 октомври 2025 (МИА) – Репрезентациите на Мароко и на Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство за фудбалери до 20 години кое се одржува во Чиле.

Во полуфиналето, Мароко ја победи Франција на пенали 4:3, додека Аргентина ноќеска ја совлада Колумбија со 1:0.

Финалето е закажано за ноќта недела кон понеделник во Сантијаго де Чиле во 1 часот по македонско време. 

Аргентина досега има седум финалиња на Светското младинско првенство. Трофејот го има освоено шест пати (1979, 1995, 1997, 2001, 2005, 2007). Мароко за прв пат стигна до финалето.

Франција ќе игра против Колумбија во натпреварот за третото место на 19 октомври во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан