Марлс: Австралија ќе испрати 11 војници за поддршка на американските операции против Хутите во Црвеното Море
- Австралија ќе испрати група од 11 војници како поддршка на мисијата предводена од САД за заштита на пловните патишта во Црвеното Море, но нема да испраќа воени бродови или авиони, изјави денеска министерот за одбрана Ричард Марлс.
Канбера, 21 декември 2023 (МИА) - Австралија ќе испрати група од 11 војници како поддршка на мисијата предводена од САД за заштита на пловните патишта во Црвеното Море, но нема да испраќа воени бродови или авиони, изјави денеска министерот за одбрана Ричард Марлс.
Тој додаде дека австралиската војска треба да остане фокусирана на регионот на Пацификот.
Во вторникот, Пентагон го објави формирањето на нова мултинационална безбедносна иницијатива во Црвеното Море, операцијата „Чувар на напредокот“, против нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови.
Австралија е еден од најблиските воени сојузници на САД. Американскиот Конгрес минатата недела усвои закон со кој се дозволува продажба на нуклеарни подморници од класата „Вирџинија“ на Австралија, како дел од безбедносниот пакт кој ја вклучува и Велика Британија. паг/
Фото: МИА архива