• петок, 05 декември 2025

Марк Руте ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк 

Марк Руте ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк 

Брисел, 24 септември 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска патува за Њујорк за да присуствува на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, соопшти Прес-службата на Алијансата. 

Според најавата, покрај учеството на заседанието на Генералното собрание на ОН, Руте вечерва по локално време ќе присуствува на Трансатлантската вечера, чиј организатор е американскиот државен секретар Марк Рубио. 

За утре, пак, е предвидено Руте да се обрати пред кадетите на Воената академија „Вест Поинт“. 

Во рамки на дводневниот престој во Њујорк, генералниот секретар на НАТО ќе имаа и повеќе средби со светски лидери и високи функционери присутни на Генералното собрание на ОН. сп/јт/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан