• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Марко Ројс ќе се врати во Борусија Дортмунд

Марко Ројс ќе се врати во Борусија Дортмунд

Дортмунд, 22 април 2025 (МИА) - Поранешниот капитен на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе се врати во бундеслигашот во улога на клупски амбасадор, пишува германскиот весник „Рур Нахрихтен“.

Ројс (35) минатото лето го напушти клубот по 12 сезони и сега игра за американскиот тим Лос Анџелес Галакси, каде има договор до 2026 година.

Весникот „Рур Нахрихтен“ го цитираше генералниот директор на Борусија Дортмунд, Карстен Крамер, кој во текот на викендот изјави: Сакаме да донесеме некој кој моментално игра во американската МЛС“.

Ројс никогаш не ја отфрли можноста за враќање во Дортмунд и како амбасадор на клубот би ги следел стапките на другите играчи, како Патрик Овомојела, Карл-Хајнц Ридл, Јерг Хајнрих и Роман Вајденфелер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан