• сабота, 13 декември 2025

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Град Скопје Горан Маркоски, кое МИА го пренесува интегрално.

Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за овој проект, како еден од најсуштинските за градот.

- За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите. Во наредниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните целосно ќе се фокусираме на навремена и целосна изградба на пречистителната станица, која треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, истакна Марковски.

Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода и почва.

Тој продолжува со своите активности во рамки на кампањата, средбите со граѓани и јавните настапи кои имаат за цел да овозможат презентација на програмата за подобро Скопје.

Марковски ги повика граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска. 

Независни заедно

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан