• недела, 22 декември 2024

Маркез успешно опериран, се подготвува да се врати на патеката

Маркез успешно опериран, се подготвува да се врати на патеката
Херез, 21 јули 2020 (МИА) - Шампионот на МотоГП, Марк Маркез, бил успешно опериран по падот изминатиот викенд на патеката во Херез. Шпанецот заработи скршеница на раката и мораше да биде подложен на операција. Како што беше соопштено од неговиот тим, Репсол Хонда, постапката се спровела без поголеми проблеми. „Фрактурата е санирана, метална плоча е вметната во Марк за да може коската да расте, нема оштетување на нервите“, се наведува во соопштението на тимот. Наводно, Маркез би можел да се врати на патеката на 9 август, кога ќе се одржи Чешкото Гран при во Брно. Тој дефинитивно ќе го пропушти следниот викенд, а неговиот тим ќе се натпреварува со само еден возач - неговиот брат Алеиш.

Тагови

Остани поврзан