• четврток, 26 декември 2024

Маричиќ: Јасно да се стави до знаење дека почетокот на преговори е од стратешки интерес за ЕУ, не само за нас

Маричиќ: Јасно да се стави до знаење дека почетокот на преговори е од стратешки интерес за ЕУ, не само за нас
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Треба да се стави јасно до знаење дека почнувањето на преговори е стратешки интерес за Европската Унија, не само за нас, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Вицепремиерот, во интервју за Клик плус на ТВ 21, истакна дека потребно е лидерство од страна на Европската Унија и реакција со цел тоа ниво на ентузијазам да се одржи и зголемува во наредниот период. Маричиќ исто така оцени и дека притисокот или желбата на САД и Европската Унија оди во насока на тоа дека нема време за чекање. - Чекањето не може да донесе ништо добро, што е точно, и чекањето не може да ја подобри ситуацијата или условите за договор, вели Маричиќ. Тој потсети дека минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон имаше телефонски разговори со бугарскиот претседател Румен Радев и со премиерите Кирил Петков и Димитар Ковачевски и оти тоа биле корисни разговори со што се покажал и интерес и желба од Франција да помогне. Маричиќ во таа насока посочи дека се забележува зголеменото француско присуство во регионот и кај нас, што, според него, е добро бидејќи доколку претседавачот со ЕУ не е убеден во процесот, тогаш тешко дека ќе напредува дискусијата и на ниво на Унијата. - Добро е што Франција учествува и прави иницијативи да ни помогне. Досега сите предлози што биле на маса, почнувајќи од германското претседателство, па и португалското, беа искористени и се користени во текот на разговорите, рече Маричиќ. Вицепремиерот додаде дека португалскиот предлог за нас е прифатлив и нешто што Северна Македонија сметаше дека е фер решение. нд/ир/

Остани поврзан