• недела, 22 декември 2024

Маричиќ: Сега треба да се донесе одлука за ЕУ

Маричиќ: Сега треба да се донесе одлука за ЕУ

Скопје, 26 август 2023

Секретарот за меѓународни прашања на СДСМ Бојан Маричиќ, за вестите на телевизија Сител, ја нагласи важноста на носењето на одлуката за ЕУ токму сега.

Важно е токму овој момент да се искористи оваа година и желбата, волјата на ЕУ да направи пакет за проширување со неколку држави, тоа е битно за САД, како и за граѓаните на Северна Македонија ние како држава да влеземе токму во овој пакет, истакна Маричиќ, додавајќи дека чекањето подобри времиња и очекувањето дека ќе се преговараат нови услови не е стратегија.

Маричиќ нагласи дека ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и дека нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.

Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните 4 месеци сме го искористиле за избори а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека понатаму во декември не постои можност да се однесе одлука за почеток на преговори со Украина и Молдова.

Сигурен сум дека Албанија и сојузниците на Албанија ќе сакаат да се разговара и за втора меѓувладина конференција за Албанија, секако и за нас доколку за тоа постојат услови, но ако не ги исполниме уставните измени за ова нема да постојат услови, истакна секретарот за меѓународни прашања на СДСМ Бојан Маричиќ.

 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан