• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ: Полошкиот регион лидер во реализација на проекти за заштита на животната средина

Маричиќ: Полошкиот регион лидер во реализација на проекти за заштита на животната средина
Скопје, 5 јуни 2022 (МИА) - Една од приоритетните цели за насочувањето на европската поддршка од Програмата ИПА, во следниот период ќе биде во секторот заштита на животната средина и климатска акција, напиша денеска на својот фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод одбележување на Светскиот ден на животната средина.
Тој информира дека Владата ги почна подготовките за изработка на Националната стратегија за развој 2022-2042 година.
-Владата ги почна подготовките за изработка на Националната стратегија за развој 2022-2042 година која ќе ни помогне да ги поставиме предизвиците на Агендата 2030 и да обезбедиме поголем фокус на нивната имплементација и политиките што ЕУ ги спроведува, вклучително Зелениот договор и Дигиталната агенда, додаде Маричиќ.
Според вицепремиерот, зачувувањето на животната средина останува горлив проблем поради растечките еколошки катастрофи со кои се соочува човештвото.
Тој напомена дека е неопходно да се воспостави хармоничен однос кој ќе ги балансира социјалните, економските и еколошките фактори, со цел да се зачува природното богатство на нашата планета за идните генерации.
-Од 2007 година вкупно 92 проекти се реализирани во оваа област со вкупна вредност од над 122 милиони евра. Лидер во реализацијата на проекти и активности за заштита на животната средина е Полошкиот регион со 23 проекти и вредност од 5.243.509,41 милиони евра, стои во Фејсбук статусот на Маричиќ.
Тој посочува дека секој од нас има улога и одговорност за заштита на животната стедина и одржување во подобра состојба, за нашите деца и следните генерација, од онаа што наследивме, порачувајќи секој ден да биде ден на животната средина, бидејќи тоа ѝ го должиме на планетата Земја.бт/мд/

Остани поврзан