Маричиќ и Нухиу со честитка по повод Денот на македонското правосудство
- Успешна работа која ќе резултира со јакнење на правната држава и зголемување на довербата на граѓаните во правосудните институции, им посакаа на вработените во правосудниот сектор, министерот
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - Успешна работа која ќе резултира со јакнење на правната држава и зголемување на довербата на граѓаните во правосудните институции, им посакаа на вработените во правосудниот сектор, министерот за правда Бојан Маричиќ и заменик-министерот Агим Нухиу во видео пораките по повод Денот на македонското правосудство.
Реформите во правосудството се врвен приоритет, порача министерот Маричиќ во своето видео обраќање.
https://youtu.be/6GXXiJ3p-AY
- Никогаш како досега не се говори за постепено враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и испорачувањето на правдата. Во таа насока и Судскиот совет започна да спроведува динамична проверка на работата на судиите, а тој процес веќе ги дава првите резултати. Свесен сум дека реформите во правосудството не се ни брзи ни едноставни, но тој пат мораме заедно да го изодиме, решително и непоколебливо доколку сакаме силна, модерна и пред сè правна државата, истакна Маричиќ.
Во своето видео обраќање, заменик министерот Агим Нухиу, истакна дека прочистувањето треба да остане важен дел од реформата во правосудството.
https://youtu.be/IvKvGL_GTBU
- Граѓаните мора да почувствуваат правда, затоа Министерството за правда ќе остане посветено да има законска и институционална рамка што ќе гарантира правда за сите, истакна заменик министерот Нухиу. аа/сп/