• среда, 08 мај 2024

Маричиќ: Имаме многу сојузници со разбирање за нашата позиција

Маричиќ: Имаме многу сојузници со разбирање за нашата позиција
Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) - Можам да изразам жалење што не сите фактори во Европската Унија, во Брисел и во Бугарија беа со добри и искрени намери кон нас и тоа ќе се покаже со текот на времето. Но, можам да ве уверам дека имаме многу сојузници што имаат разбирање за нашата позиција, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Во вечерашнотоп гостување на Топ Тема на телевизија Телма, Маричиќ нагласи дека сериозен број земји кои преговарале за членство изразиле поддршка кон Северна Македонија, особено земји кои преговарале пред 20-тина години и знаат како изгледал тој процес. Тој додаде дека овие земји навистина укажале оти дел од овие работи имаат смисла и треба да се ослободи преговарачката рамка од некои работи. Вицепремиерот за европски прашања меѓу другото истакна и дека во кој било момент може да се случи да падне ветото, но оти пред што било да се случи тој предлог ќе биде разгледан во Владата, заедно со коалициските партнери, опозицијата и претседателот на државата. - Што и да се донесе, ќе отиде во сите овие институции, ќе бидат поминати сите овие адреси и на крај ќе се донесе одлуката што е најдобра за државата. Каков предлог и да дојде ние нема да направиме ништо без да се консултираме со нив, заклучи вицепремиерот Маричиќ. ки/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан