• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Да сведочиме за силата на својата вера преку обединувањето во вредностите за подобра иднина

Маричиќ: Да сведочиме за силата на својата вера преку обединувањето во вредностите за подобра иднина

Скопје, 19 јануари 2023 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници во која повикува на спотеност и со заеднички труд, надеж, љубов и ново возобновување да достигнуваме нови успеси.

Во честитката на вицепремиерот се истакнува дека денешниот празник е голем доказ за тоа колку духот е посилен од телото и дека нема пречка што не може да ја надмине човек кој има цврста вера и е убеден во вредноста на она што го работи.

 

Денешниот празник кој е еден од главните празници во православното христијанство, е голем доказ за тоа колку духот е посилен од телото и дека нема пречка што не може да ја надмине човек кој има цврста вера и е убеден во вредноста на она што го работи. Бидејќи токму преку нашиот труд, надеж, љубов достигнуваме нови успеси, сплотени заедно како едно, напиша Маричиќ.

Сите кои денеска се дел од Богојавленското капење, како што посочува тој во честитката, се победници, затоа што со својот пример покажуваат истрајност, храброст, но и обединетост во верата и радоста на празникот, а со тоа го зајакнуваат чувството на припадност и заедништво.

-Богојавленски водосвет како чин кој е проткаен со сеќавање на крштението, не се гледа само како таинствено очистување на гревовите, туку и како осветување на суштината на сѐ што дава живот. Преку возобновувањето на целиот свет, да се возобновиме и ние во подобри луѓе за подобар живот. Ви посакувам благословот на празникот да внесе кај вас непрекинато здравје, најубави моменти на радост и среќа во животот на сите и успеси за подобра иднина за нас и за идните генерации, стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот денеска беше дел од Богојавленското празнување во Велес, каде од страна на клирот на Повардарската епаргија се осветија водите и беше фрлен крстот кој го фати среќникот Игор Василевиќ. дма/мд/

 

Остани поврзан