• недела, 29 декември 2024

Маричиќ: Ги зајакнуваме капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите за поголеми придобивки за граѓаните

Маричиќ: Ги зајакнуваме капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите за поголеми придобивки за граѓаните
Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања и национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ денеска одржа состанок со министрите за активностите кои следуваат од доменот на ИПА фондовите и донаторската помош, при што ја нагласи важноста од директно вклучување на ресорните министри во работата на секторските работни групите, со што ќе се потврди политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА. - Од почеток на мојот мандат како национален ИПА координатор (НИПАК) реализирав многубројни состаноци со донаторите меѓу кои и со ЕУД, на кои разговаравме за функционирањето и важноста на секторските работни групи. Донаторите, според нивните укажувања, ги разбираат овие групи како тела во кои се дискутира само за ИПА, а тие би сакале фокусот да биде на секторските и националните стратегии, политики и приоритети. Оттука во рамките на НИПАК секретаријатот и во консултација со ИПА координаторите започнавме да размислуваме за промена на фокусот на дијалогот во рамките на Секторските работни групи и оттаму Секторските работни групи на своите пленарни седници да бидат претседавани од ресорните министри, со мое приклучување во улога на Национален ИПА координатор. Со тоа, ќе ја потврдиме политичката посветеност на процесот на програмирање и користење на ИПА и другите донаторски програми и средства, рече вицепремиерот Маричиќ пред ресорните министри на состанокот одржан пред почетокот на новиот циклус на состаноци на секторските работни групи. Вицепремиерот Маричиќ ги презентираше и промените во работењето на секторските групи, укажувајќи дека претседавачи на Секторските работни групи без исклучок во прво време да бидат ресорните министри и најави промена на Деловникот за работа на истите. - Наредниот чекор би опфатил промена на Деловниците за работа на секторските работни групи, што во моментов е во тек. Во рамките на циклусот на состаноци кои се планирани да се одржат на почетокот на март, би сакале да го пилотираме новиот приод во работата на секторските работни групи. Сметаме дека сега е вистинскиот момент за ова пилотирање со оглед на фактот дека Делегацијата на ЕУ официјално не извести дека треба да го започнеме програмирањето на ИПА 2023 и 2024 година, истакна Маричиќ. Маричиќ најави дека во наредниот период планира заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими да одржи состанок со донаторската заедница за да ги презентираме хоризонталните документи на Владата како што се НПАА, ЕРП, Националниот развоен план. Секторските работни групи се формирани првпат во 2015 година со воведувањето на ИПА 2 и секторскиот пристап во рамките на овој инструмент.​ сп/

Остани поврзан