• понеделник, 23 декември 2024

Мареј: Поради календарот на АТП, многу врвни играчи ќе пропуштат големи турнири

Мареј: Поради календарот на АТП, многу врвни играчи ќе пропуштат големи турнири

Лондон, 28 јуни 2020 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј изрази негодување поради новиот натпреварувачки календар за оваа сезона. Претходно, управата на АТП објави дека првиот турнир по паузата поради пандемијата, ќе се одржи од 22 август во Њујорк и ќе биде од Мастерс серијата. Овој турнир првично требаше да се игра во Синсинати. Од 31 август до 13 септември, во Њујорк ќе се игра Грен слемот УС Опен. -Ако се пласирате во полуфиналето или финалето во Њујорк, а потоа играте на турнирот во Мадрид, тоа не е безбедно, бидејќи не сте се натпреварувале долго време. Потенцијално, ова може да доведе до откажување на многу врвни играчи од големите турнири, рече Мареј. Можеби вреди да се размисли за двегодишен рејтинг, така што момците кои настапија успешно минатата година, но кои не се во можност да ги одбранат своите бодови правилно, сега да не претрпат загуба поради ова, смета Британецот. зс/

Остани поврзан