Мареска: Џексон тренира со Челзи, но нема да игра
- Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги коментираше информациите за можното заминување на напаѓачот Николас Џексон од клубот.
Лондон, 16 август 2025 (МИА) – Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги коментираше информациите за можното заминување на напаѓачот Николас Џексон од клубот.
- Тој тренира со нас, но нема да игра за време на викендот. Ја знаете ситуацијата. Трансфер рокот е отворен. Може да си замине, а потоа ќе видиме, изјави Мареска за „Фудбал Лондон“.
Дваесет и четиригодишниот Сенегалец е интересен за Њукасл, Баерн и Манчестер јунајтед. Челзи сака да добие околу 93 милиони евра за играчот. зс/
Фото: ЕПА