• среда, 19 февруари 2025

Мареска по поразот од Брајтон: Ова е најлошиот натпревар на Челси откако пристигнав во клубот

Мареска по поразот од Брајтон: Ова е најлошиот натпревар на Челси откако пристигнав во клубот

Брајтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Фудбалерите на Челси им приредија ново непријатно изненадување на своите навивачи. Откако Брајтон ги елиминира од ФА Купот, истиот ривал им нанесе нов пораз, овојпат во Премиер лигата и уште поубедливо - 0:3.

Тренерот на лондонскиот тим, Енцо Мареска, призна дека неговите играчи ги разочарале приврзаниците и истакна дека настапот на првотимците на „сините“ во петокот вечерта бил под реномето на клубот.

-Овој пораз е навистина разочарувачки. Мислам дека ова беше најлошиот натпревар што го одигравме откако пристигнав во клубот и никогаш повеќе не смее да се повтори. Мораме да бидеме фокусирани и да знаеме што сакаме. Противникот беше помотивиран, поконкретен и заслужено да победи, изјави тренерот на Челси.

Тимот од „Стемфорд Бриџ“ има два бода повеќе од Манчестер Сити и Њукасл, кои ќе се сретнат оваа сабота на „Етихад“, што според Мареска е среќа.

-Играњето за Челси е секогаш притисок и секако сите го чувствуваме тоа. Сепак, ние сме четврти на табелата, можеме да останеме на таа позиција и по ова коло и да ја продолжиме борбата за Лигата на шампионите. Само сакам да им се извинам на навивачите кои дојдоа да не гледаат и да им кажам дека ќе се обидеме да го подобриме нашиот впечаток уште од наредниот натпревар, изјави Мареска. дс

Фото: Архива

Остани поврзан