• четврток, 04 декември 2025

Мареска: Лидс беше подобар од Челзи во секој аспект

Мареска: Лидс беше подобар од Челзи во секој аспект

Лидс, 4 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, го коментираше поразот од 3:1 од Лидс во 14. коло од англиската Премиер лига.

- Беше многу разочарувачка вечер. Лидс заслужи да победи. Беа подобри во секој аспект. Ќе се обидеме да го анализираме овој натпревар, да извлечеме поука од него и да се фокусираме на следниот натпревар. Не е работата во поседот на топката. Кога ја имате топката, ви треба гол. Откако постигнавме гол, имавме една или две чисти шанси, но третиот гол го запечати натпреварот. Тоа е реалноста. Ова е Премиер лигата. Мора да играте максимално на секој натпревар, дома или на гости, без разлика со кого играте. Важно е да разбереме каде ќе бидеме во февруари или март, но најважно е да разбереме што направивме погрешно денес и да се обидеме да се подобриме, изјави Мареска, за „Би-би-си“.

Лидс е на 17. место на табелата во Премиер лигата со 14 бода. Челзи е на четвртото место со 24 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан