Мареска: Знам дека Пелегрини е среќен за мене
- Тренерот на Челзи, Енцо Мареска му се заблагодари на тренерот на шпанскиот тим Мануел Пелегрини по победата над Бетис (4:1) во финалето на Конференциската лига.
Вроцлав, 29 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Челзи, Енцо Мареска му се заблагодари на тренерот на шпанскиот тим Мануел Пелегрини по победата над Бетис (4:1) во финалето на Конференциската лига.
- Сакав да победам, но бев сигурен дека победникот во секој случај ќе биде среќен за поразениот. За среќа, победив и знам дека Мануел ќе се радува за мене. Да загубив, ќе бев тажен, но и ќе најдов сила да се радувам за Мануел, изјави Мареска за сајтот на УЕФА.
Пред две децении, Пелегрини му беше тренер на Мареска, а потоа заедно работеа во ист стручен штаб.
Челзи стана првиот тим што ги освоил сите европски натпреварувања: Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига, Суперкупот на УЕФА и Купот на победниците на куповите. зс/
Фото: ЕПА