• сабота, 21 декември 2024

Мареска задоволен: Џејмс повторно тренира

Мареска задоволен: Џејмс повторно тренира

Лондон, 14 октомври 2024 (МИА) - Капитенот на Челси, Рис Џејмс конечно се врати тренинзите, соопштија од клубот. 

Десниот бек заработи повреда пред првиот натпревар од сезоната против Манчестер Сити, но неговото опоравување траеше подолго од очекуваното и допрва ќе игра оваа сезона.

Повреди го мачеа англискиот репрезентативец во последно време, а тие го спречија да игра помалку од 800 минути во последните 18 месеци.

Челси сигурно нема да брза да го врати Џејмс, па речиси сигурно е дека тој нема да биде во составот за дербито со Ливерпул на крајот од неделата. 

Сепак, за Енцо Мареска е добра вест што и тој наскоро ќе биде достапен за селекција. Во негово отсуство, Мало Густо и Аксел Дисаси дејствуваат на десната страна од одбраната на „сините“. дс

Фото: Х/Челси

Остани поврзан